Поткаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Поткастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK. #комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на https://komunikacii.net/category/komkast
Оваа епизода со Митко започнавме муабет за Instant Articles, вклучивме 360° видео стрим во живо преку hugvr.com и се префрливме со муабетот за виртуелната реалност, нејзиниот потенцијал и можностите за крајните корисници да креираат содржина наменета за гледање со специјалните VR уреди. На крај малку позборувавме и за hitit.digital и за фактот дека AdWords сеуште не е доволно атрактивен за Македонија.
4/28/2023 • 34 minutes, 21 seconds
#комкаст 56 - Лажни или пара вести - #кромид
Мите како домаќин и Дарјан Раденковиќ (@darjanr) како гостин оваа епизода зборуваа за лажните вести. Секако муабетот започна од The Onion но неизбежно многу пати беше спомнуван и Njuz.net. Зборуваа за локалните имплементации на т.н. пара-вести за потребата од ваква форма на изразување и секако за (на моменти) нејзината апсурдност во актуелната медиумска и општествена сцена во Македонија.
4/10/2023 • 44 minutes, 36 seconds
#комкаст 53 - Медиумите во Кина со Анастас Вангели
Во првата епизода од нашиот подкаст во 2013 година гостин ни беше еден од најпознатите (од времето) блогери и активисти во Македонија, Анастас Вангели a.k.a Вуна. Тој веќе една и пол година е во Кина на студиски престој па неговата посета за празниците ја искористивме да го поканиме во нашиот подкаст.
1/12/2023 • 56 minutes, 1 second
#комкаст 114 - Бизнис транформација е дигитална трансформација - Петар Ниновски и Душан Марковиќ
Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group.
Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои делуваат.
3/17/2022 • 43 minutes, 57 seconds
Луѓе (HR) и дигитална трансформација со Ивана Дојчиновска Стојановиќ - #комкаст 113
Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација.
Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа епизода на #комкаст зборуваме со Ивана Дојчиновска Стојановиќ
2/24/2022 • 50 minutes, 22 seconds
5G и дигитална трансфорамција - #комкаст 112
Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги отвара во поглед на развој на голем број нови услуги и сервиси во различни индустрии.
2/3/2022 • 40 minutes, 41 seconds
5 митови за дигитална трансформација - #комкаст 111
Во шестата последователна комкаст епизода посеветена на дигиталната трансформација изнесуваме на виделина неколку помалку и повеќе очиглени митови поврзани се разбира со дигиталната трансформација.
Секако, штом се митови значи дека се побиени и дека не се точни тврдењата, но и покрај тоа нив одново и одново ги сретнуваме во секојдневната работа. Токму затоа има потреба одново и одново да се повторуваат и да се посочуваат за да може да се очекува соодветна промена.
1/27/2022 • 21 minutes, 9 seconds
Дигитално лидерство с о Иван Скендер - #комкаст 110
Иван Скендер е човекот одоговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија и А1 Хрватска. Разговаравме за предизвиците, искуствата, препреките со кои се соочуваат но и за методите и пристапот во трансфорамцијата. Допревме малку технологија, малку HR или човечки односи, малку agile менаџмент... и ред други теми.
12/23/2021 • 38 minutes, 20 seconds
За гејминг со Гораст Цветковски - #комкаст 109
А за што друго би зборувал со Гораст ако не за гејминг и Game Fest и целата култура и трансформација која низ годините наназад се случува. Зборувавме за лични перцепции и искуства, за влијанието на оваа култура на остатаниот дел од опкружување и на крај секако малку и за децата и играњето, неизбежно беше.
12/16/2021 • 51 minutes, 43 seconds
Data science со Мартина Наумовска - #комкаст 108
Уште во воведната епизода на серијалов посветен на дигитална транфорамција зборував колку е важен стратешкиот пристап кон собирање и управување со податоците. Во денешната епизода со Мартина Наумовска зборуваме токму за улогата на податоците во рамки на самата трансформација на работењето на една организација. Мартина е првата жена Data Scientist која влегла во претприемачките води во Македонија, еден од основачите на Data Masters и Data Masters академијата.
12/10/2021 • 43 minutes, 27 seconds
Грижа за корисници со Борче Ѓорѓески - #комкаст 107
Како е да се биде од другата страна, кога корисникот бара да му се посвети внимание или реши проблем? Како се менуваа каналите за комуникација со корисниците, колку време е дозволено за решавање на проблем, како е да те замени вештачка интелигенција, што не може да работи робот? На овие и многу други прашања одговара Борче Ѓорѓески од А1 Македонија, човекот кој, најверојатно, има подебела кожа од сите нас заедно...
12/2/2021 • 37 minutes, 51 seconds
Што е дигитална трансформација? - #комкаст 106
Најавивме серија на епизоди кои ќе бидат посветени на дигиталната трансформација, ама ред е за почеток да се обидеме да дадеме вовед, дефиниции, рамки за да знаеме за што зборуваме. Во првата епизода од овој серијал се обидувам да ги врзам кафанските муабети со серзиони теми кои секако не се неспоиви, ама си носат свој предизвик.
Во воведната епизода ќе слушнете:
дефиниции за дигитална трансформaција,
основни елементи на дигитална трансформација
фази на трансформација
фокус на коринсикот и корисничкото искуство
зошто дигиталните маркетери се мешаат во дигитална трансфорамција
11/25/2021 • 33 minutes, 7 seconds
Најава: Дигитална трансформација
Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст.
Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа е и тема со која А1 Македонија можеше многу лесно да се поврзе, ќе слушнете во некои од епизодите и зошто.
Тоа е, #комкаст, партнерски со А1 Македонија, 10 нови епизоди, скеој четврток. Од сега па до февруари 2022. Повеќе детали во најавата и прва епизода во четврток на твојата омилена аудио платформа, YouTube или тука на блог.
11/22/2021 • 2 minutes, 17 seconds
За SEO со Бранко Илишев - #комкаст 105
Бранко е ко-основач главен и одговорен за SEO делот во агенцијата SmartClick. Бранко ми е еден од „тајните” извори за добри SEO дискусии и линкови. Подолго време се договараме да снимаме епизода и конечно успевме да се погодиме и да продискутираме за:
развој на кариера во SEO
потребите на глобалните пазари и специјализација
профили на SEO експерти
Core Web Vitals
Локалната SEO сцена, ако може така да се нарече :)
7/1/2021 • 41 minutes, 17 seconds
#комкаст 104 - за развој на кариера во „дигитал” со Иван Димитров
Кога ќе се обидеш да размениш искуство пред камера со некој кој, ако не повеќе барем, еднакво зборува како мене не е лесен предизвик. Се обидувавме со Ико долго време да најдеме поконкретна тема за муабет за да не си се жалиме само јавно, тоа секако го правиме често... Еден негов статус за потррага по нов вработен во Групер ме инспирираше да ја отворам темата за вработување, градењеи пронаоѓање на соодветен кадар за работа во нашва индустрија т.е. дигитален маркетинг.
Ако ја слушнеш, или гледаш епизодава ќе слушнеш за различни искуства за пристап на работодавачи, вработени, менаџери и сл. во поглед на развојот на кариерниот пат на дигиталците. Фокусот е на локалната ситуација и предизвици кои постојат од двете страни. Се обидовме да ги согледаме сите акспекти на темата, објективно.
Успеавме ли добро да ја отвориме темата?
5/23/2021 • 53 minutes, 12 seconds
Алгоритми и општество со Игор Трајковски од time.mk - #комкаст 103
Има теми на кои едноставно уживам да зборувам, дискутирам, да се надградуваме и да бидам предизвикан со моите ставови. Улогата на алгоритми е една од тие теми. Сум спремал презентации, сум пишувал текстови и на периоди многу читам на темата алгоритми и нивната улога во општеството. Токму на оваа тема или овие теми во 103 издание на #комкаст разговарам со Игор Трајковски, умот кој стои за time.mk
Улогата на алгоритмите во денешниот дигитален свет е навистина многу важна и тука не мислам на алгоритмите на социјалните мрежи туку на бројни други примени кои директно имаат влијание на судбините на милиони луѓе ширум светот. Токму за развојот на овие системи и за предизвиците со кои се соочуваат денес дискутираме во оваа епизода. Јас навистина уживав, се надевам ќе уживаш и ти.
5/15/2021 • 52 minutes, 51 seconds
#комкаст 102 - Funnel hacking со Гент Мехмети
И повторно по уште една пролетна пауза, #комкаст е назад со гостин во студио. Конечно успеавме да се погодиме со термините и здравјето со Гент и да помуабетиме на тема маркетинг инка или marketing funnel.
Со Гент Мехмети (B2B Copywriter & Marketing Consultant | Head Of Marketing @ LEORON Institute) дискутираме за развојот на маркетинг инката како модел, пристапот кој треба да го имаме како маркетери за различни типови производи и услуги кои ги продаваме и како ги „хакираме” пред се туѓите инки. Во еден дел анализираме и една конкретна инка, дискутираме и за copywriting и секако спомнуваме многу мали совти кои навидум неважни всушност се клучни за успешноста на една инка.
Гент во епизодата вети дека ќе сподели линкови до работите кои ги спомнува, еве ги:
Sam Ovens “Consulting Accelerator”
https://www.consulting.com/consulting-accelerator
Frank Kern
https://www.frankkern.com
Coaching by Dan Kennedy
https://nobsinnercircle.com/services/coaching/
Clayton Makepeace’s Makepeace Mastermind Alliance
https://www.awai.com/p/is/mmm/
Russel Brunson’s Dotcom Secrets
https://dotcomsecrets.com/getdcsfree-1
Scientific Advertising by Claude C Hopkins
https://www.scientificadvertising.com/ScientificAdvertising.pdf
5/8/2021 • 53 minutes, 6 seconds
Instagram новини и совети + битката на „соушл” - #комкаст 101
По пауза од скоро еден месец, се враќаме со нова епизода на #комкаст во која во соло издание се обидувам да отворам неколку различни дискусии. Инспирацијата е актуелнaта битка на социјалните медиуми за пол позиција во иднината, задржување на доминацијата, или воопшто зачувување на својата релевантност. Фокусот, по воведот е на Instagram затоа што премногу нови работи се случуваат таму и некако мислам дека заслужува внимание.
Ги замолив колегите да ги споделат своите искуства со Instagram и да посочат кои работи им се релевантни за поголем успех таму, баш во овој период. Фала на Симона, Давид, Наташа и Тина.
Во епизодата како што веќе најавив ќе слушнете за:
Борба на социјалните медиуми
Некои од новитетите на Instagram
Совети за објавување на Instagram
Стратегијата која стои зад вашиот Instagram настап
Кое време треба да објавувате
Во епизодата неколку пати повикувам да споделите искуство…. па еве и тука да повторам. Пишете ми ги вашите совети за успешност на Instagram, што вас ви поминува што не ви поминува периодов?
4/1/2021 • 27 minutes, 32 seconds
100. епизода на #комкаст - Носталгија, историја, сегашност, иднина...
Потајно се надевав дека ќе успеам во една епизода да ги соберам сите кои на еден или друг начин низ изминативе 10 години биле во улога на домаќини на #комкаст. Скоро и да успеав, собрав четворица од вкупно 5 на таа листа. Петтиот задоцни со својата реакција неколку дена :).
Јубилејнава 100. епизода со Сеад, Мите и Дарјан правиме ретроспектива, секој од своја гледна точка, секако низ најлегендарните моменти на овој поткаст.
10 години и 100 епизоди, е прилично лош просек, ама ми се чини дека конечно ја надинуваме периодичноста и влегуваме повторно во јак ритам како оној на самиот почеток. Пу пу да не урочам.
Ние се забавуваме еден час, се потсетивме на некои важни епизоди и искуства и се потапкавме по рамо за тоа што сме го дискутирале и постигнале изминативе годни. Во исто време отворивме и доста интересни теми за кои допрва треба да се зборува, пред се во #комкаст, но и општо...
Ако уживате во овој час, барем половина од нас, супер ќе ви биде. И да, знам, многу сме јаки, не мора да не тапкате по рамо и вие :D
Ајде па побзо да ни дојде нова стотка...
3/6/2021 • 51 minutes, 35 seconds
Content maketing со Данче Азманова од Embed Social - #комкаст 99
Има разлика од содржина, до добра содржина до содржина која има конкретна маркетинг цел и успева да ја реализира. Е токму за овој последниов тип содржина зборуваме со Данче во 99. епизода на #комкаст.
Данче доаѓа од EmbedSocial, екипа која низ годините ни била на гости во #комкаст. Изминативе години содржината им стана еден од клучните начини за привлекување нови корисници и раст на бизнисот. И токму за тоа зборуваме со Данче.
Во епизодата ќе слушнете за:
транзицијата од нивинар во „маркетер”
потребни вештини за креирање добра содржина за маркетинг цели
работа со/во тим за максимален ефект
анатомија на добра содржина
мерење ефективност од content marketing
и многу повеќе...
*ќе слушнеш и на почетокот на епизодата, ама еве уште едно, пишано, извинување за разликата во квалитетот на звукот на одредени делови од епизодата.
2/27/2021 • 45 minutes, 14 seconds
Градење т.н. Marketplace со Никола Јодановски од UpShift - #комкаст 98
Знам, знам maketplace ќе му дојде на македонски пазар, ама низ годиниве во англискиот јазик токму овој збор го пошити своето значење и сега кога ќе се каже maketplace се мисли на дигитален сервис каде во исто време и исто место се сеќаваат понудата и побаувачката а создавачиот на тој сервис е многу повеќе од само пониудувач на заеднички постор.
Во 98 издание на #комкаст со Никола збоуваме токму за еден ваков севис. UpShift можеби не е најкласичниот SaaS кој би го помислиле кога ќе спомнеме digital marketplace ама еднакво ги носи со себе сите (маркетинг) предизвици.
Во епизодата зборуваме за :
што е и како функционира UpShift
како развива нови пазари
како се расте понуда и побарувачка
како се обезбедува паралелен развој на понудата и побарувачката
(бизнис) аналитика
огласување
2/19/2021 • 55 minutes, 30 seconds
B2B и LinkedIn со Данчо Димков од BizzBee - #комкаст 97
Данчо е искусен бизнис консултант кој послениве години со својот тим во BizzBee Solutions се фокусира на бизнис кон бизнис комуникацијата пред се преку LinkedIn.
Во 97. епизода на #комкаст зборуваме за:
карактеристиките на b2b комуникација
начин на употреба на LinkedIn за добивање клиенти
дефинирање на пораки за започнување на разговор
процесот на комуникација
психологија на комуникација во име на друг
за конкуренцијата на пазарот
алатки за автоматизација и употреба на LinkedIn
и така натаму :D
2/12/2021 • 55 minutes, 2 seconds
Како да снимите поткаст - втор дел | #комкаст 96
Оваа епизода го продолжуваме муабетот за снимање поткаст со малку повеќе осврт на техничкиот дел и опремата потребна за снимање. Има и мал дел за видео, ама само мал.
Во оваа епизода ќе слушнете:
како да изберете микрофон
Што друго ви е потребно за микрофонот
како да изберете и подготвите просторија за снимање
кои онлајн сервиси да ги користите ако снимате интервју онлајн
како да изберете камера и опрема за видео
светло и позиција на снимање видео
Идејата на епизодава е да споделма и што и каде е достапно од опрема на нашиот пазар, па во таа насока еве ги линковите, сите на куп, спомнати во епизодата:
Микрофони:
- Rode Podcaster
- Rode NT-USB Mini
- Blue Yeti
- Mackie - EleMent Series USB Microphones
Продавници во Скопје:
- Артист - FB Page
- Vision - FB Page
- Decibel - достапни и преку Vision
- Pix+
Онлајн сервиси:
- Riversite.fm
- CleanFeed
- SquadCast
- Zencastr
2/4/2021 • 26 minutes, 41 seconds
#комкаст 95 - Претпродажба, со Јоцо Тодоровски
Со Јоцо Тодоровски, разврзавме муабет за претпродажбата како модел на маркетинг кој може да се применува при лансирање на нов производ или услуга.
Јоцо е стратег за дигитален маркетинг. Им помага на компаниите да постават "маркетинг системи" што носат поголем бизнис раст. Токму со оваа тема, маркетинг системи, го започнуваме нашиот муабет, за подоцна да разговараме за различните пристапи при примената на претпродажба како маркетинг алатка. Разговараме за времето на реализација, комплесноста, јазикот на обраќање, изборот на публика и секако буџетите.
Јоцо го пренесе своето искуство преку серија примери на кои работел со брендови во Македонија, Бугарија но и глобални стартап компании. На крајот на епизодата ги сподели и детали за промената на пристпот и исходот во работата со фитнес тренерот Ана Стојанова
Низ епизодата Јоцо реферира на неколку книги и луѓе, еве ги линковите до работите кои ветивме дека ќе ги споделиме:
Книга за позиционирање - April Dunford - Obviously Awesome
https://www.aprildunford.com/obviously-awesome
Sean D'Souza
https://www.psychotactics.com/
Видеото за предпродажба и тестирање на бизнис идеја:
https://mentor.mk/3p/
1000 True Fans
https://kk.org/thetechnium/1000-true-fans/
1/28/2021 • 1 hour, 1 minute, 40 seconds
#комкаст 94 - за Growth ****ing со Никола Соколов
Со гостинот во оваа епизода се договоривме дека нема да користиме премногу излитени маркетинг термини, ама не успеавме да намалиме на употребата на англиски термини... Тоа е.
Никола Соколов е ко-основач и главен и одговорен... во Influencers Club, но зад себе има, релатнвно кратка, ама богата работна приказна.
Школуван за програмер, израснат во маркетер или подобро речено geeketeer, и лидер. Со Никола разговараме за:
преминот од програмирање во маркетинг и развој на бизнис.
неговите позитивни и негатвни искуства во процесот на растење на еден стартап.
cold emails
Инстаграм микро инфлуенсери
... и многу повеќе
Не дека не се познава по мене, но муабетот со Никола навистина ми легна, и уште од сега најавувам дека нема да помине многу време кога повторно ќе го поканам да гостува пред во студиото на нашиот #комкаст
1/20/2021 • 1 hour, 9 seconds
#комкаст 93 - за Google Analytics 4 со Роберт Петковиќ
Оваа епизода ја планиравме подолго време. Google Analytics 4 официјално се појави пред неколку месеци, и од тогаш наваму барaвме погоден момент да позборуваме на темата со, кој друг ако не, човекот кој ги претвара бројките во зборови - Роберт Петковиќ - Петко
Петко е еден од најпознатите и најпризнатите регионални експерти за аналитика, но не е ништо помалку искусен и од оние кои се во светскиот врв. Петко е редовен наш гостин на AllWeb, присутен на поголем дел од конференциите во регионот а од неодамна активен и на својот YouTube канал - Analitika s Petkot. Исто така (спомнавме и во самата епизода) Петко може да му дозволите да ве научи аналитика и преку Masterbox.rs
Во 93-тата епизода од нашиот #комкаст со Петко разговараме за новините кои ги носи Google Analytics 4, за разликите во споредба со досегашниот Universal Analytics и секако за најдобриот пристап и транзиција која треба да ја исплaнирате ако некаде следите статистика со овој сервис на Google.
1/13/2021 • 27 minutes, 23 seconds
#комкаст 92 - Топ 5 извори/сајтови за маркетинг и медиуми
Традицонално зимскиве празници се за улежување, јадење, пиење... па добро еве нека бидат и за консумирање на содржина.
Оваа епизода, без гостин во студио, всушност е обид да ја разглобам млаку подетално мојата лична практика ког станува збор за навики за консумирање новости и мислења. Се надевам ќе ти биде корисна и можеби инспиративна и секако ќе биде предизвик за ти да ги споделиш со другите (во коментар или каде и да стигнеш) твоите омилени извори за маркетинг и медиуми.
Вовед и како јас консумирам вести денес а како во минатото
- Bloglines - https://en.wikipedia.org/wiki/Bloglines
- Алтернативи на RSS reader - https://alternativeto.net/software/google-reader/
Видови на извори
- SocialMediaExaminer
- OnTech with Shira Ovide - NYT free newsletter
- Wired Long Reads - Newsletters subscribe page
- ga:croatianTalk - FB група
- Google Ads uz kavu - FB група
- WP Speed Matters - FB група
- ClickFunnels (Official) - FB група
- eCommerce Hrvatska - FB група
Honorable mentions
- #ПрегледВоПеток
- The Verge
- DigiDay
- TechLinked - YouTube
- It.mk
- Social Media Today
Топ 5 извори на вести
- WeAreSocial - UK Blog
- eMarketer & eConsutancy
- Platformer - Casey Newton & Boagworld - Paul Boag
- aList Daily
- Netokracija.rs & Netokracija.com
*Substack
1/7/2021 • 26 minutes, 48 seconds
#комкаст 91 - Во „Светот на Биби” со Јована Аврамовска
Во новата 91 по ред епизода зборуваме за светот на Биби, за развојот на овој проект, за начинот на кој се работи внатре, за YouTube за деца и возрасни за Бививерзумот и за ред други работи. Се разбира и од самиот наслов нели, разговарам со Јована Аврамовска.
Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
12/24/2020 • 37 minutes, 53 seconds
#комкаст 90 - за креативноста во време на дигитал со @muarko
Во 90-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Марко Стојановиќ, или попознат на твитер како @muarko. Марко е еден од оние т.н. агенциски луѓе кои целата своја кариера ја минале и ја минуваат во т.н. креативна индустрија.
По вокација дизајнер, или подобро речено визуелен креативец. Со Марко разговравме, и си кукавме, да не речам плачевме за различни теми, секако под знакот на креативност. Дискутираме за промените кои ги донесе дигиталната комуникација и социјалните медиуми, но и за улогата на креативноста денес.
Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
12/17/2020 • 52 minutes, 52 seconds
#комкаст 89 - За chat commerce, black friday и многу повеќе со Ана Георгиеска
Во новата, 89-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Ана Г. од Студио модерна, компанијата која стои за брендовите како што се Топ Шоп, Дормео, Делимано, Homeology и други.
Со Ана разговараме за почетоците на нивната компанија во полето на дигитален маркетинг, за фокусот на содржина и секако за мерење на продажбата. Зборувавме за улогата и ефективноста на различните дигитални канали, за продажбата во директна комуникација, преку пораки во чет, за стримањето во живо но, на кратко продискутиравме и за сличностите и разликите на нашиот пазар со останатите во регионот.
Содржина:
00:00 - За почетоците
04:10 - Улогата на содржината во маркетингот
10:20 - Канали за комуникација
14:35 - Chat Commerce
22:00 - Black Friday и display рекламирање
28:35 - За растот и развојот на пазарот
35:32 - Live streaming
44:00 - Сличности со другите пазари
12/10/2020 • 46 minutes
#комкаст 88 - За UX и UI, со Јане Наумоски - Mufix
Веќе некое време тема во која со големо задоволство се задлабочувам е UX, поточно корисничко искуство, уште поточно... бихевиорални промени на однесување. Или ако до крај веќе одиме со кратенкиве тргнуваме од UX преку UI за да ја видиме големата слика или CX ;)
И покрај тоа што UX најчесто тесно се поврзува со (графички) дизајн, сметам дека темата е далеку повеќе од тоа, и заслужува да и се дискутираме повторно и повеќе. Ама, од некаде мора да се почне, па затоа во оваа епизода по површината на темата почнавме да гребеме со Јане Наумоски, инаку стар пријател на #комкаст.
Разговараме за основите на UX, што е UX а што IU, што е потребно да знаеш и да учиш за да можеш свесно да размислуваш на темава и како да напредуваш. Неколку интересни линкови на темата споделувам најдолу...
UX - user experience - корисничко искуство
UI - user interface - кориснички интерфејс
CX - customer experience - (вкупно) искуство на купувач/клиент?!?
Корисни линкови:
Marketing and The Science of Behavioral Change – Sean Doyle
Radical Empathy And Other Ways To Rethink Your Customer Experience
The Psychology of User Decisions
Laws of simplicity
Misbehaving: The Making of Behavioral Economics
_____________
Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7
11/30/2020 • 26 minutes, 3 seconds
#комкаст 87 - За YouTube, ама сериозно, со Иван Ајнштајн
Во оваа епизода, и покрај сите технички проблеми кои ни се случија, успеавме да уживаме во муабетот, со Иван разговаравме за YouTube.
Дискутираме за локалната YouTube сцена, за заработката на јутјуберите, за квалитетот на содржината, за глобалните трендови и за уметноста наречена YouTube „едитирање”.
Слушајте ја новата епизода и претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
11/19/2020 • 43 minutes, 7 seconds
#комкаст 86 - Како да направите поткаст!
Оваа недела решивме малку да експериментираме. Снимивме малку поразличен #комкаст. Ако ви се допадна и ако сакате да има ваков тип на епизоди почесто, пишете ни некаде... да знаеме и да си планираме. Ова епизода Дарко ќе ви каже: Како да напрaвите поткаст.
Корисни линкови за секој од деловите во епизодата:
1. Планирање на поткаст
How to Start a Podcast - thepodcasthost.com
Starting Your Podcast: A Guide For Students - NPR
How To Start A Podcast - podcastinsights.com
2. Снимање и едитирање на поткаст
Audacity - Free, open source, cross-platform audio software
Rode smartLav+ - Lavalier microphone for smartphones
Dual Lavalier Microphone - performwireless.com
Razer Seiren X Streaming - Anhoch.com
Anchor App - iTunes, Google Play
3. Објава и дистрибуција на поткаст
Anchor.fm - The easiest way to make a podcast
PowerPress Wordpress Plugin -blubrry.com
31 Best Podcast Hosting Sites - podcastinsights.com
11/12/2020 • 13 minutes, 53 seconds
#комкаст 85 - Истражување: Подкасти со Мите Кузевски
Скоро една година подоцна, повторно дискутираме со Мите за подкастите како медиумски формат. Овој пат Мите дојде со истражување спроведено на нашиот пазар.
Во епизодата ги дискутираме резултатите од истражувањето, анализираме можности и простор за напредок на подкаст културата во Македонија.
Дел од (клучните) наоди на истражувањето кои ги дискутираме со Мите се објавени и на komkast-85" rel="external noreferrer noopener" target="_blank">комуникации.нет
Ако имаш подкаст или знаеш некој за кој ние не сме свесни, па макар бил и само YouTube или FB видео, сподели го веднаш.
11/4/2020 • 32 minutes, 55 seconds
#комкаст 84 - The Social Dilemma со Сеад Џигал
Во новата епизода на #комкаст Дарко Булдиоски и Сеад Џигал дискутираат за дилемите и дискусиите кои ги отвори документарниот филм The Social Dilemma оригинално обајвен на Netflix.
Тема на дискусија е самиот документарен филм, критиките кои иницијално ги доби и секако критиките на критиките. Секако се продускутира и рекацијата на самиот Facebook.
10/29/2020 • 42 minutes
#комкаст 83 – Медиумите и Covid-19
А со кого друг да се разговара на овие теми ако не со членови на оригиналната постава на овој блог. Заедно со Сеад и Мите повеќе од еден час, вчера вечер, дискутиравме за теми кои во фокус ги ставаат медиумите, ние како консументи на медиумски содржини и секако посебен дел си имаа и социјалните медиуми.
Структурата на епизодата се движи некако вака:
• Како и зошто така лесно се шират дезинформациите
• Политизација на лажните вести
• Како процесираме и управуваме со информации во време
• Бројки и статистики и како најлесно се манипулира со нив
• Реакциите на „tech” гигантите
Во продлжение видеото а под него и аудио. Добедојдени се сите кои сакаат да се претплатат на нашиот YouTube канал ;)
3/29/2020 • 1 hour, 13 minutes, 35 seconds
#комкаст 82 – Маркетинг во време на covid-19
Вчера вечер, нешто повеќе од еден саат, ние двајца со помош на 60-тина онлајн слушатели и коментатори во живо дискутиравме за промените кои ни ги носи ситуацијат под влијание на коронавирусот. Доста се изнакажавме и теорија и примери, локални и глобални.
Дискусијата го опфати првиот бран на реакции и како се смени однесувањето на потрошувачите и компаниите. Потоа малку дискутиравме за т.н. меѓу бран во кој компаниите се фокусираа на својата солидарност и општествена одговорност. Во следниот дел дискутираме за вториот бран односно планирање. Како се врши прилагодивање на стратегиите, понудата и пораките. На крј дискутираме и за промените кои ќе останат по оваа криза.
3/24/2020 • 1 hour, 14 minutes, 14 seconds
#комкаст 81 – еТрговија со Виктор Стојкоски од АЕТМ
Еве сме назад со #комкаст, прв во 2020 година. Како што е редот и овој пат со гостин и со актуелна тема. Во оваа епизода на гости беше Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за Е-трговија. Разговаравме за повеќе различни теми поврзани со е-трговија во Македонија.
Меѓу другото зборуваме за позитивни локални примери, за нивото наразвој и сфаќа ње на компаниите, за транспортните услуги (пошта, достава и сл.) и секако за предизвиците поврзани со сивата економија.
2/20/2020 • 52 minutes, 58 seconds
#комкаст 80 – Podcast со Мите Кузевски
Како што најавив и во првата епизода од оваа нова сезона на #комкаст, се враќаме на „core” екипата која стои зад овој блог па така оваа епизода со Мите (еден од луѓето зад ВидиВака) малку подетално разговаравме за враќањето на популарноста на подкастите.
Дискутираме малку за историјата, за почетоците и за промените кои настануваат во тој т.н. втор бран кој започнува во 2014 година. Раговаравме и за предиспозициите на локалниот пазар за вакви содржини и Мите најави нешто во оваа насока што го спремаат со екипата на ВидиВака.
12/19/2019 • 36 minutes, 3 seconds
#комкаст 79 – Лажни вести со Сеад Џигал
После долги одлажувања конечно се враќаме со #комкаст. И ни помалку ни повеќе туку во план е јак почеток со оригиналната да не речам core постава на овој блог.
Првава епизода, од ако можеме да ја наречеме трета сезона јас и Сеад зборуваме, во најголема мера, за лажните вести, дезинформации и пост вистина. Сеад пишуваше и тука доста на темава, дискутираше за неа на повеќе настани, но редно беше да седнеме и сите недовршени дисусии низ различни четови да ги спакуваме во видео кое по план треабше да треае 20-30 минути. Трае скоро 50.
12/11/2019 • 48 minutes, 6 seconds
#комкаст 78 – Instagram муабет со Ziska.rs
На гости оваа епизода во #комкаст ни се Горан и Милош од ziska.rs, дигитална маркетинг агенција од Белград, Србија. Горан и Милош беа на сцена минатата година на AllWeb во Скопје и зборуваа за instagram. 6 месеци подоцна повторно разговараме на иста тема. Што е последно актуелно и како брендовите се снаоѓаат на Instagram.
5/16/2018 • 16 minutes, 38 seconds
#комкаст 77 – AdWords муабет со Мирослав Варга
Мирослав Варга одговараше на неколку прашања поставени од посетителите на обуката. Сподели неколку совети за оптимизација и дневни рутини корисни за сите AdWords прфесионалци.
4/30/2018 • 8 minutes, 54 seconds
#комкаст 76 – На гости со роботот Pepper
Оваа епизода имавме уникатна можност во #комкаст да ни гостува ни помалку ни повеќе туку хуманоидниот робот Pepper. Тој беше на еден ден во Македонија благодарение на Стопанска Банка и Mastercard. Малку поразговаравме со него и ги отворивме темите за роботите во нашиот живот, замената на луѓето, вештачката интелигенција и сл.
4/20/2018 • 15 minutes, 40 seconds
#комкаст 75 – Facebook + – Cambridge Analytica
Не смеевме да ја прескокнеме темава, особено затоа што е сеприсутна и многу актуелна, плус од неа се развија многу различни приказни, читај дебати. Пред се на глобално ниво се отворија голем број на прашања поврзани со етичката страна на обработката на податоците, прибирање на податоци, Tramp, Brexit... но и локално заради SCL Balkans и активностите во регионот. Со Дарјан дискутираме за потребата од отварање на овие теми, за (до некоја мера) нереалните очекувања на крајните корисници и секако малку за маркетинг практиките.
3/26/2018 • 28 minutes, 16 seconds
#комкаст 74 – Цензура во време на интернет
Гостин или подобро речено повторно дел од #комкаст во оваа епизода е Никола Спасов, експерт за комуникации и сл. Инспирирани од неодамнешното цензурирање на еден од прилозите во ТВ емисијата Код на Снежана Лупевска Созен (https://goo.gl/15L4Wt) разговаравме за можноста воопшто денес да се цензурира некоја содржина и секако за можната употреба на „цензурирана” содржина во маркетинг цели. Никола појасни на кратко на кои постулати е заснован т.н. златен ѕид односно системот за цензура во Кина.
3/25/2018 • 21 minutes, 14 seconds
#комкаст 73 - Dark Social
Во оваа епизода се обидуваме малку да го осветлиме патот кон невидливата страна на комуникацијата на социјалните медиуми, онаа која е тешко достапна преку алатките за аналитика.
Dark Social за прв пат се појавува како термин во текстот на еден од уредниците на The Atlantic и во основа има малку податоци за овој сегмент од комуникацијата. Најчесто податоците кои се цитираат доаѓаат од едно исти истражување, малку постаро, иако има и некои понови извори но по се изгледа не им се придава преголемо внимание во маркетинг светот.
Како и да е, постојат неколку основни работи кои може да ги преземете за да го намалите бројот на непознати посетители на вашиот вебсајт, но темата е доста поголема од тоа.
3/6/2018 • 22 minutes, 13 seconds
#комкаст 72 - Улогата на маркетерите во креирање на корпоративен вебсајт
Во првата епизода од оваа нова сезина на #комкаст зборуваме за улогата на маркетинг тимот, или луѓето во развојот и унапредувањето на корпоративниот (добро де, компанискиот) вебсајт. Предизвик со кој секојдневно се соочваме веќе години наназад, што низ работата, што низ предавањата кои ги држиме во различни ситуации јас и Дарјан.
2/19/2018 • 18 minutes, 55 seconds
#комкаст 70 - F8, Facebook Bots...
Во оваа епизода целсоно се дискутираше за новините најавени на последната F8 конференција на Facebook каде тие го најавија својот десетгодишен план кој вклучува многу нови технологии – од чет ботови до камери кои снимаат 360 степени и секако виртуелна реалност. Оваа епизода домаќини се Mитко и Теди Пејоски од G6 како и ги дискутираат сите новитети на Facebook.
4/27/2016 • 34 minutes, 21 seconds
#Комкаст 69 - Google political polling, WhatsApp Encryption Twitter & TV, Facebook Livestream
Овој #комкаст имаше нов ко-домаќин. Гостин беше нашиот пријател Никола Спасов (@NikolasTweets) од истражувачката агенција Рејтинг. Никола беше тука како компетентна личност да објасни како Google ги користи своите податоци да ги предвиди претседателските избори во САД, и ред други теми.
4/26/2016 • 41 minutes, 25 seconds
#комкаст 68 - CocaCola Bloggers Network, Vtime, Apple Original TV Series, Snapchat...
Оваа недела во отсуство на Митко, новиот официјален МК блогер поддржан од Coca-Cola, повратник во #комкаст беше Мите Кузевски со кого зборувавме на неколку различни теми. Малку повеќе се задржавме на виртуелната реалност, осносно за Vtime, друштвена мрежа за VR корисници, малку зборувавме и за Snapchat и за првите оригинални серии за Apple TV.
4/26/2016 • 45 minutes, 19 seconds
#комкаст 67 - Instagram, Google Ai, VR, u:Plug
Од оваа епизода на #комкаст зборувавме на повеќе различни теми, како што може и да видиш по линковите надолу, но ја издвојуваме онаа за Insgtram и неговиот значителен пад на интеракции што доведува до логичниот потег за промена на начинот на кој ќе се прикажуваат сликите во стримот. Односно ќе се воведе алгоритам врз основа на кој нема да ги гледаме сите слики во фид туку ќе ни се прикажуваат тие кои ние сакаме да ги видиме, или барем тие така мислат :)
3/21/2016 • 32 minutes, 20 seconds
#комкаст 66 - Franck Nouyrigat ко-основач на Startup Weekend
Оваа епизода за прв пат во (цела аудио и видео) историја(та) на #комкаст епизодата одеше на англиски јазик. Секако за тоа „виновен” беше Franck еден од основачите на Startup Weekend. Сега веќе оваа приказна е зад него, но со задоволство зборуваше за почетоците на оваа франшиза, за развојот на стартапите и стратап заедницата и заедницата на претприемачи.
Во последнава епизода на проба имавме Samsung Gear VR кој го тестиравме со Samsung S6 и дополнително зборувавме за стриминг опцијата на Facebook, Tesla Concept_One, новите емотикони на Facebook, најавата на Abrakadabra.hr.
2/28/2016 • 31 minutes, 47 seconds
#комкаст 61 - со Sвездан Георгиевски
Директен повод за гостувањето на Sвездан Георгиевски беше неговиот текст на тема #Жерновски објавен на Окно.мк. Со Sвездан разговаравме за моќта на локалната твитер заедница, за политичката комуникација на интернет за политика на Facebook и нешто малку поопшто околу медиумите и новинарството.
4/12/2013 • 17 minutes, 41 seconds
#комкаст 60 - За SitnoSeckano.com со Маја и Бојана
Во оваа епизода гостинки ни беа локалните пионер(к)и кога станува збор за блоговите за храна. Сестрите Бојана и Маја пред 4 години го започнаа sitnoseckano.com и во меѓувреме објавија многу рецепти и дузина одлични видеа.
3/29/2013 • 29 minutes
#комкаст 59 - За македонската стартап сцена со Наташа Петкова
Поводот за повторно да гостува Наташа Петкова (@NatasaPetkova) беше претстојниот, прв, ecaHack Skopje 2013. Зборувавме за овој настан, но зборувавме и за неколку слични настани кои се орг анизираа изминатава година-две. И секако зборувавме малку за состојбара или подобро речено фазата во која се наоѓа моментно локалната стартап сцена.
Колку добро звучи тоа, македонска стартап сцена. Имаме ли таква?
3/18/2013 • 37 minutes, 8 seconds
#комкаст 58 - со Владислав Бидиков
Гостин во оваа епизода ни беше т.н. сервер гуру Владислав Бидиков (@bidikov) со кого разговаравме на теми од одржување на сервери, инфраструктура за интернет, безбедност на вебсајтови и малку за локалните интернет пикови на посетеност.
Разговаравме повеќе од еден час, Бидик не се напи вода ниту еднаш и не престана да зборува 15 минути по завршувањето на самиот подкаст :).
3/1/2013 • 44 minutes, 40 seconds
#комкаст 57 - Engage, Twitter, телевизија и Vine
Во оваа епизода од нашиот подкаст (без гости) зборувавме за неколку актуелни работи. Прво малку за Engage, потоа за трансформацијата на Twitter и неговата интеграција со телевизиската содржина. Подкстот го завршивме со краток осврт за новата мобилна апликација за споделување видео - Vine.
2/28/2013 • 55 minutes, 28 seconds
#комкаст 55 - Онлајн видео - со Ели Пешева и Борјан Јовановски
Гости ни беа Ели Пешева (@peseva) и Борјан Јовановски (@BorjanJovanovsk). Поводот за нивното гостувањенивните нови проекти: Зебра Онлјан и Нова два онлј ан концепти кои во сржта го имаат видеото и дебатата.
2/1/2013 • 49 minutes, 43 seconds
#комкаст 54 - Финансирање на новинарски стартапи
Поттикнати од блог записот на Милчо за неуспехот на The Daily и од истражувањето за новинарски стартапи во светот објавено на Nieman Journalism Lab кое ги истражува можностите за пронаоѓање на стабилност или стабилни финансиски извори за новинарски продукти онлајн го поканивме Зоран Ричлиев, продуцент во МПМ да разговараме на оваа тема.
1/25/2013 • 1 hour, 4 minutes, 8 seconds
#комкаст 52 - Кој твита во Македонија, со Никола Спасов
По пауза од две недели, се вративме со нова епизода во која со @kuzevski и @NikolasTweet се обидовме малку подетално да ги прочешламе и продискутираме резултатите од неодманешното истражување кое премиерно беше претставено од Никола на AllWeb.
12/8/2012 • 1 hour, 17 minutes, 59 seconds
#комкаст 51 - AllWeb - конференција
Најтешко е да зборуваш за свои проекти и активности во својот подкаст :). Среќа во приканзната AllWeb не сме сами, тука е и Цаци па соодветно на тоа си ја викнав да ми биде гостин оваа епизода.
11/16/2012 • 48 minutes, 29 seconds
#комкаст 50 - Блогираме и твитер награди
Во оваа епизода гости (по втор пат) беа креаторите на Блогираме.мк, Јован и Петар.
11/9/2012 • 55 minutes, 3 seconds
#комкаст 49 - Јубилеен подкаст на Комуникации.нет
Педесеттиот по ред подкаст на Комуникации.нет беше посебен. Не само затоа што беше јубилеен, туку и затоа што за првпат во студиото на Радио МОФ бевме во комбинација која никогаш претходно не била во тој состав. Домаќини на епизодата бевме јас и Сеад без гостин и за прв пат без Дарко.
11/5/2012 • 34 minutes, 47 seconds
#комкаст 48 - iPad mini и други кратки теми
Петта по ред епизода од сезона три на Комуникации.нет подкастот. Овој пат бевме само јас и Дарко и немавме голема или главна тема туку прокоментиравме по малку на неколку актулни теми. Излегувањето на iPad mini беше една од темите на која повеќе се задржавме и неговата споредба со другите опции кои можат да се најдат на пазарот.
11/5/2012 • 41 minutes, 45 seconds
#комкаст 47 - Интегрирани медиумски платформи со Зоран Бојаровски
Во оваа епизода, четврта по ред за сезонава, се собравме сите домаќини после долго време и очекувано го направивме можеби најдобриот подкаст до сега со одлична тема, одличен гостин и одлична дискусија.
Нешто повеќе од 1 час зборувавме со Зоран Бојаровски на тема "Integrated Newsroom" или интегрирани медиумски платформи, и нивен развој или примена кај нас. Ние сме ептен задоволни од вчерашниот #комкаст, а вие пред да ја чуете епизодата, погледнете малку слики на темава.
10/19/2012 • 1 hour, 9 minutes, 58 seconds
#комкаст 46 - Закана за цензура на интернет во Македон ија
Во оваа епизода коментиравме околу предлог законот за клевета и навреда каде во еден член се превидување на мала врата воведување на цензура на интернет, а потоа се надоврзавме со краток осврт на последниот извештај за репресијата на интернет од Freedom house.
10/13/2012 • 48 minutes, 33 seconds
#комкаст 45 - Социјалните медиуми како извор на информации
Гостин во оваа епизода на комуникации.нет подкастот ни беше новинарот од Радио Слободна Европа - Срѓан Стојанчов. Инспирирани од Полемиката на „Утрински“ за фејсбук-новинарството. Латас контра Ордановски се обидовме малку да ги чепнеме темите кои ги поврзуваат традиционалните (па иако се на интернет) новински куќи и социјалните медиуми.
10/5/2012 • 1 hour, 2 minutes, 42 seconds
#комкаст 44 - интро за сезона #3 и преглед на испуштеното
Во насловот си напишав се :). Се враќаме со нова сезона на комуникации.нет подкастот. Во нови простори на РадиоМОФ со нова енергија (затнат нос) и план за многу гости и теми. Како за почеток со Сеад се обидовме да направиме еден кус преглед (колаж) низ темите кои беа (се) актуелни изминативе недели.